Славески: Разлики во цените и стандардот на просториите од поранешнаа СФРЈ - каде „лежи зајакот“

Професорот Трајко Славески на социјалната мрежа Твитер во неколку негови постови објаснуваше за ценовите разлики и причините за тоа на еден ист проивод во земјите од поранешната СФРЈ. Како што тој објаснува летово го има поминато во Хрватска и според него природно е да се направи споредба на цените на одредени производи кои се продаваат и во напите маркети.

„Посебен впечаток ми остави рибната козерва со скуши во растително масло од брендот „Ева“, производ на „Подравка“ од Копривница. Повозрасните помнат дека овој бренд беше доста популарен и во времето на поранешната СФРЈ. Одвреме-навреме ја купувам оваа конзерва во нашите маркети. Цената изнесува околу 120 ден, односно 2 евра. За жал, само последниве неколку години цената беше зголемена за можеби над 50%. Истиот производ во познатиот синџир маркети во Хрватска летово се продаваше за 3 евра. Ми стана чудно – како е можно хрватски производ во Македонија да има за 50% пониска цена од земјата на потекло. Во текот на минатата недела, барајќи одговор на прашањето, решив да направам мало истражување, со помош на достапни податоци од веб страниците на познати маркети во четири земји од поранешната СФРЈ (Македонија, Србија, Хрватска и Словенија) за цените на производи што им се нудат на купувачите, а задоволуваат два услови: прво, да се познат бренд, прифатен од потрошувачите и присутен во маркетите во сите четири земји и второ, да се работи за хомоген (истоветен) производ што е податлив за споредба“, напиша Славески

Според споредбите што ги има направено професорот цените се најниски во Македонија, додека највисоки се во Хрватска и Словенија.

„Исклучок е кремот за деца „Бекутан“ на Алкалоид кој кај нас се продава по повисока цена од таа во Србија. Сведоци сме дека во нашата јавност е присутно мислење дека цените во нашите маркети наводно биле исти, дури и повисоки, одошто во земјите од регионот, па дури и од Германија. Тоа може да се види и од повеќе коментари на моите објави. Се споредуваат номиналните износи на просечните плати. Се трудам да укажам, како што тоа го правам често, дека при споредба на стандардот од една до друга земја и причините за тоа, не треба да се користат номинални показатели, туку да се води сметка за куповната моќ на парите“, посочува Славески во постот.

Според него доходите треба да се сведат на т.н. Паритет на куповни сили (Purchasing Power Parity). На овој начин, Славевски вели дека на пример вкупниот БДП на Кина е поголем од тој на САД, а вредноста на минималната плата во Македонија е меѓу највисоките во регионот,

„Факт е дека Словенија и Хрватска уште во СФРЈ беа поразвиени од Македонија, а со членството во ЕУ разликите се одржаа, со тенденција на зголемување. Законитост е дека нивото на цени во земји на пониско ниво на развиеност е пониско, особено кај услугите. Еспресо во центарот на Солун чини 4 евра, кај нас значително помалку. Моите студенти знаат дека ова се нарекува Баласа-Семјуелсон ефект. Ќе биде интересно некој да направи споредба меѓу цените на некој тип услуга во четирите држави, како, на пр. потстрижување за мажи (кај жените, како и сé друго, споредбата е покомплицирана“ посочува Славески

Професорот дава одговор зошто цените се на исти производи се различни на просториите на поранешната СФРЈ. Тој вели дека цената на храна зависи од 6 суровини во сите земји но сепак другите параметри се драстично различни.

„Цената на храната зависи од 6 работи: суровина, пакување и процесирање, превоз, профит, ДДВ и плати на вработените. Првите три се исти за сите. Профитот е различен врз основа на кој маркет го продава. ДДВ-то го одредува државата ама скоро кај сите е исти со минимална разлика. Остануваат само платите на вработените кои се различни во сите земји. Затоа што во Словенија се највисоки таму е и најскапо, а зашто во Македонија се најниски тука е најевтино“. Намерно се послужив со туѓо мислење, од причина што моиоте укажувања за потребата од умерено зголемување на платите, во услови на опаѓачка или стагнантна продуктивност во економијата, често се предмет на критики во јавноста. Се согласувам дека разликите во платите, како компонента на трошоците, се првиот фактор за разликите во продажните цени од нашите примери. Второ, во државите со повисок БДП по глава на жител цените на деловниот простор, а со тоа и закупнините како трошок се повисоки во споредба со земјите со понизок доход. Трето, кај поразвиените на страната на побарувачката е поголема куповната моќ на населението, што им овозможува на трговците во крајната цена да вкалкулираат повисоки маржи. Четврто, може да има улога и структурата на пазарот од аспект на конкуренцијата меѓу трговците. Иако во случајот на Македонија често може да се слушне дека наводно конкуренцијата во оваа сфера била пригушена, се чини дека во споредба со сите други држави со кои се правени споредби во цените, Србија, Хрватска и Словенија, кај нас е најмала концентрацијата во дејноста, а со то е најсилна и конкуренцијата меѓу нив. Лично верувам дека во спротивно ние би биле соочени со уште повисоки цени од постојните. Петто, како што можеше да се забележи во сите случаи, вклучително и со цената на кремот „Бекутан“ на домашниот, македонски пазар, како по правило домашните производи во земјата на потекло се продаваат по релативно повисоки цени во споредба со пазарите во околните земји“, пишува Славески  

Тој додава дека во недостиг на посериозни релевантни истражувања, неговата хипотеза дека е дека тука станува збор за заштита, официјална преку системот на царини, или неофицијална, преку убедувања меѓу државните органи и производителите од една страна и домашните трговци, од друга, за потребата од заштита на сопственото производство преку ограничување на увозот од страна. Според него кога станува збор за примерите на производи од Словенија, Хрватска и Србија, разликата е што кај нас увозот на овој тип храна е либерализиран, затоа што немаме сопствено производство.