Славески: Приватните превозници бараат зголемување на цената на нивните услуги, на потег е Арсовска

Предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска, ова го објави вчера претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на социјалната мрежа Х

„Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги. На потег е градоначалникот Арсовска“, обзнани Славески.

Тој според објавеното побарал од Арсовска да одговори дали се согласува со промена на условите во договорот кој има важност до мај следната година, но бара и конкретен птредлог за зголемување на цената со образчожение на кои параметри го темели предлогот.