
Универзитетскиот професор Трајко Славески, во гостувањето во емисијата „Трилинг“ ги сподели неговите размислувања околу пензискиот ситем во Македонија. Тој упати критики во врска со предлогот на Фискалниот совет околу зголемувањето на старосната граница за пензионирање.
„Предлогот на фискалниот совет беше невнимантелен, ниту една земја досега не постигнала нагло зголемување на старосна граница. Има земји кои што се во тек, ќе се донесе некоја мерка, но тоа трае со години, по три месеци секоја година, некаде по шест. Не може вие на вработени кои што очекуваат да се пензионираат наредната година да им кажете дека ќе мора да работите уште три години“, изјави Славески.
Според професорот коренот на големиот дефицит во пензискиот ситем е со воведувањето на вториот пензиски систем.
„Јас сум повозрасен и ги помнам уште првите денови дискусии кои што во 2000та година од притисокот што го изврши Светска банка, односно да го воведеме Вториот пензиски фонд. Таму бепше поредвидено дека за десетина години ќе има т.н транзициски дефицити. Не може така ако одземете 1/3 од придонесот на државниот пензиски фонд на ПИОМ и ги префрлите во приватни пензиски фондови нормално дека ке дојде до дефицит“, истакна Славески.
Славески додаде дека, иако се очекуваше транзициски дефицит тој продолжува да расте и денес, дури три децении по започнувањето на реформата. Според некои истражувања, овој дефицит може да трае и до 50 години, или пак никогаш да не се реши.
,,Според некои истражувања тој транзициски дефицит кој што кај нас се провлекува веќе 3та деценија може да трае дури и половина век. Главната причина е тоа што му се одземаат средства. Вториот пензиски фонд се формираше на тој начин што 1/3 од средствата, во државниот пензиски фонд отидоа во приватните пензиски друштва“, заклучи Славески.