Славчо Попоски најавува вистинска пролет наскоро - еве кога може да очекуваме затоплување и сончево време!

Почнувајќи од понеделник. територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце, најавува метеорологот Славчо Попоски во денешниот „Метео Аларм“.

Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурата ќе се искачи до 25 степени, смета тој.

„Барем од она што множам во моментов да го изјавам за јавноста нова промена на времето, врнежи и пад на температурите на воздухот очекувам кон крајот на следната работна седмица и за време на следниот викенд“, истакна Попоски.