
Метео прогнозерот Славчо Попоски најави дека територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од циклонска активност.
„Територјата на Македонија до крајот на денешниот ден ќе биде под влијание на циклонска активност југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе услови да имаме облачно време со врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од северен и од северозападен правец (до околу 60 км/час), посочи Попоски во својот денешен „Метео аларм“.
Локално атмосферските процеси во овие предели може да бидат поинтензивни и во форма на невреме.
Во западните и во југозападните предели, локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).