Слатко зимско задоволство: Кошнички со мандарина-фил

Едноставен рецепт кој ќе ви биде добредојден во пресрет на празниците. Кошнички со мандарина вкус!

За тесто: 100 гр шеќер

165 гр мед

125 гр путер

1 јајце

525 гр брашно

2 лажички сода

половина лажичка сол

една лажичка коњак

по желба ванила, цимет, кора од портокал, ѓумбир, мускатно оревче

За филот:

2 белки од јајца

130 гр шеќер

65 гр путер

60 гр слатка павлака сок од

6 мандарини

Најпрвин стопете ги медот и шеќерот и додадете ги зачините.Кога ќе почне да зоврива додадете парчиња од путерот. Тргнете од оган и додадете го јајцето и останатите состојки. Замесети средно меко тесто. Оставете го половина час тестото, а потоа со помош на чаша направете кругови од тестотот кои ќе ги ставите во калапи за мафини. Печете на температура од 170С 10-12 минути.

За филот најпрвин изматете ги слатката павлака и путерот. Во друг сад изматете ги белките пенесто. Изблендирајте ги мандарините кои претходно се ислупени, спојте се и промешајте ја смесата. Со вака подготвениот фил со готварски шприц полнете ги кошничките од тесто. Декорирајте по желба!