Слатко уживање: Топло-ладно од вафли и сладолед

Ако еден од омилените десерти ви е топло-ладно, тогаш со сигурност ќе ви се допадне и овој прилично едноставен десерт.

Во него ќе ужива целото семјство...

Потребни состојки:

  • 1 ¼ млако млеко
  • 2 лажички квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 6 лажици стопен путер
  • 1 јајце
  • 3 ½ шолја брашно
  • 1 лажица сол
  • Готова смеса за бисквити со чоколадо

Подготовка:

Измешајте ги млекото, квасецот и шеќерот и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. Додадете ги путерот и јајцето.

Додадете ги и брашното и солта и мешајте додека сите состојки не се соединат.

Оставете го тестото да отстои 15 минути, а потоа пресечете го на осмини.

На секоја осмина во внатрешноста додадете ја смесата за бисквити и направете осум топчиња.

На тостер направете вафли од смесата.

По две вафли, една долу и една горе, а меѓу нив вашиот омилен сладолед.