Слатко од јагоди – се прави сега, а се јаде цела година

Јагодите се највкусното овошје богато со витамини и минерали. На нашите трпези се јавуваат сезонски, а се приготвуваат во различни пити, сокови, смути, џемови и  познатото слатко од  јагоди на коие никој не може да му одолее.

Состојки:
1 кг. шеќер
1 кг. јагоди
1 лимон

Подготовка:

Количината за слаткото сами ја одредувате, на 1 кг. јагоди оди 1 кг шеќер…

1.Исчистете ги јагодите, измијте ги убаво и оставете ги најмалку 3 часа да одстојат во вода во која има лимонов сок или лимонтус…
Јас секогаш користам лимонов сок, еден лимон на 1 кг. јагоди, но може и повеќе, не смета…

2.Потоа исцедените јагоди редете ги во садот за варење, еден ред јагоди, па шеќер и се додека има, зависи од количината…

3.Треба да се вари на силна температура со постојано протресување, но не повеќе од половина час…

4.Се прави пена која треба да ја отстранувате, си знаете, со посебна лажица за тоа…

5.Кога е готово, покријте го со влажна платнена салфетка да одстои цела ноќ…

6.Наредниот ден, зовријте го 10 тина минути повторно и ставете го во подготвени врели стерилизирани теглички.
Јагодите ќе останат цели, а и не потемнуваат.