Сладолед од јагоди со оризово млеко

Подгответе вегетаријанска варијанта од омилениот сладолед од јагоди. Ќе бидете изненадени од вкусот.

Состојки:

500 гр свежи јагоди
2 ванилин шеќер
4 лажици сок од портокал
3 лажици багремов мед
250 мл оризово млеко

Подготовка:

Измијте ги јагодите убаво, исчистете ги и исечете ги на четвртинки. Измешајте ги со ванилин шеќерот и прелијте со сокот од портокал. Можете да ги изблендирате, да ги ставите во процесор за храна, или пак рачно да ги изгмечите со алатката за пире од компири. 

Во смесата додадете ги медот и оризовото млеко. Измешајте добро. Оставете да се замрзне неколку часа.