Скршени дрвја стојат паднати врз спомен плочите - Не се санирани штетите по невремето на гробиштата „Бутел“

Паднати дрвја стојат неотсранети на градските гробишта во Бутел. Очигледно последиците од невремето од минатата недела во скопскиот регион остануваат несанирани. За ова реагира една скопјанка која сподели фотографии. 

- Денес поминав во АД Бутел, во посета на нашите покојни...глетка невидена...после невремето во Скопје „АД Бутел“ сеуште не ги има тргнато скршените дрвја паднати на спомен плочите...како и секогаш гробишта кои што воопшто не се исчистени во било кое време од годината, било тоа есен, зима, пролет или лето. Не знам за што се користат парите што ги уплаќаме на годишно ниво? - праша таа видно револтирана од негрижата на надлежните. 

Ова не е прв пат да се реагира за состојбата на гробиштата, со која се покажува негрижа и непочит кон починатоте блиски, често коментираат скопјани.