Скребатно – каде што царуваат мирот и тишината

Убави сончеви денови се пред нас, идеални за прошетка. За убава проштека, треба убаво да се испланира, а во Македонија има толку многу убави места, па каде и да отидете со сигурност дека ќе си поминете прекрасно. 

Едно такво место е и селото Скребатно. Оддалечено од Охрид 15-тина километри, а од Лескоец девет. Скриено меѓу планини, долго време заборавено, па повторно откриено. Едно од најуредените излетнички места во Македонија.

Селото Скребатно и неговата околина нуди природа и чист воздух. Има ѕидани скари, чешми, клупи од дрво, корпи за отпадоци, тоалети. Се` е средено и бесплатно. Единствен услов е да не оставате отпадоци зад себе. Идеално е за играње до изнемоштеност на децата кои дента кога бевме ние ги имаше барем 60-тина.

Инаку централна „фигура“ во широкиот убав простор е црквата „Св. Богородица“ изградена и оградена со камен. 

Место каде што царуваат мирот и тишината и каде што ќе одморите од звукот на вашиот телефон. 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vesna Soposka (@vsoposka)