Скопското обвинителство врши увид на местото каде што се урна ,,Цесна”

Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници, информираат од Обвинителството.

Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за авионската несреќа.