Скопското обвинителство поведе истражна постапка против скопјанец за дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Осомничениот 42-годишник, во својот дом во Козле држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм и два куршуми. Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот на 5 јануари, информираат од скопското обвинителство.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​ о