Скопското дерби како во старите добри времиња

Неделното дерби помеѓу скопски Вардар и прилепска Победа, заличе на она на што со носталгија се сеќаваат постарите генерации. На теренот, просечно, но она што навистина го врати старито сјај се случуваше на трибините.

Трибините солидно пополнети, за разлика од она што сме навикнати да го гледаме на стадионите ширум државава. Двете навивачки групи присатни и жарот на борбата се чувствуваше во воздухот. Секако, по некој транспарент со помалку недолична содржина беше дел од декорот, но таквите работи не треба да се земаат како негативни. Сепак, тоа се подразбира, се работи за дерби од нашата фудбалска лига и ривалитетот помеѓу Скопје и Прилеп е сосема нормално да излезе на виделина.

Сето тоа се должеше на тоа што популарните „Мајмуни“ го прекинаа неколкугодишниот пост и повторно се појавија на Националната Арена „Филип Втори“. Како и вообичаено, на западната трибина ги пречекаа „Комитите“.

Натпреварот заврши со победа за црвено-црните 2 спрема 1. На трибините, без посериозни инциденти. Пиротехника, во нормални граници и без нејзино користење во погрешни цели. Да се надеваме дека ваквите случувања ќе земат замав и почесто ќе може да се види ваква слика на нашите стадиони. Скопје е познато по својата богата спортска традиција, а Скопјани се познати по тоа што се страсни љубители и поддржувачи на своите клубови.

Фотографиите се превземени од веб-сајтот: gol.mk