Скопско Волково нема да добие детска градинка - ребалансот ги скрати парите за овој проект

Нермин Телоска, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во посета на Волково која е една од петте локации каде што беше предвидено изградба на детска градника, но поради кратењето на буџетот за оваа ставка, изградбата е доведена под знак прашалник.

-Владата на СДС скрати 5,6 милиони денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки. Овие средства се доволни за опремување и отворање на 5 до 6 нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година, и тоа значи дека поради неодговорноста на владата на СДС,  градинката во Волково или некоја од градинките во Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе или Бутел може да не се изградат, истакна Телоска при денешната посета.

Вели дека фактите покажуваат оти подготовките за урбанизација на оваа локација во Волково се во длабока подготвителна фаза од страна на локалната самоуправа, но за жал суштинското, рече Телоска, средствата за изградба на ваков тип објекти се скратени од страна на Министерството за труд и социјална политика.

-Локалната самоуправа во Ѓорче Петров излезе во пресрет на граѓаните на оваа населба и предвиде локација, на која што денес се наоѓаме, го финализира урбанистичкото планирање на просторот, ја подготвува документацијата, процес кој во брзо време ќе беше финализиран и градбата на оваа детска градинка ќе отпочнеше веднаш штом средствата ќе беа префрлени. Но за жал со последното кратење на средства во буџетот за намена изградба на детски градинки, се поизвесно дека тоа нема да се реализира. Владата на СДС покажа целосна негрижа кон семејствата, но пред се кон децата со самиот факт што вакви проекти ги тргна од приоритетот на своето работење. Од друга страна крајно лицемерно ја гледаме министерката Царовска како промовира веќе отпочнати проекти и си ги препишува како свои. За жал не чувме дека таа отпочнала или предвидела некој свој проект, туку и тие за кои постои целосна подготовка и кои само треба да стартуваа да се градат, таа бесрамно ги стопира, посочи Телоска.

Апелираше министерката Царовска и владата на СДСМ да се вразумат и веднаш да одобрат средства за овој проект и изградбата на детската градинка веднаш да почне.

 

cheap nike air max 90