Скопско шофериште: Не паѓа снегот за да го покрие брегот....

Круж­ните текови, кои почнаа да се градат во Скопје ги збунија граѓаните. На прсти можат да се избројат возачите што ги знаат пра­ви­ла­та за движење на кружен тек. Голем број со чудење ги минуваат крс­тос­ни­ци­те, движејќи се од една лента во друга и вртејќи по неколку кругови, оти не зна­ат како да излезат од кружниот тек. А на оваа фотографија може да забележиме дека возачот решил да си ги скрати маките поминувајќи преку кружниот тек во Капиштец.