Скопско секојдневие: Редици возила, заглавен сообраќај на клучните точки

Редици возила, заглавен сообраќај на клучни точки во Скопје. Возачи кои од едно до друго место патуваат и до трипати повеќе од вообичаеното. Ова е скопското секојдневие, секое попладне во изминатите неколку години. 

Една од главните градски улици, онаа пред Собранието, секој ден е затворена поради протести на група граѓани. Но, тоа е само еден од многуте проблеми. Градската инфраструктура, постојаното затварање улици поради реконструкција е исто така причина за често пренасочување на возилата и создавање уште повеќе гужва.

Скопје е град проектиран за живот на нешто повеќе од 200 илјади жители. И големите булевари и улици се во склад со тоа. Сепак, во главниот град моментално живеат повеќе од 700 илјади жители.

Од Град Скопје се оградуваат од одговорност за сообраќајниот хаос со кој се справуваат скопјани, бидејќи МВР било задолжено за тоа. Од таму само ветуваат дека ќе придонесат кон олеснување на гужвите со низа проекти и реформи.