Скопско секојдневие: Мини депонии на секој чекор

Секојдневно граѓаните на социјалните мрежи постираат фотографии на мини депонии низ Скопје и секојдневно ги прозиваат надлежните да го средат проблемот со сметот. Но на нивните прозивки никој не се огласува. Ова фотографија е уште е од многуте кои покажуваат во каква состојба е главниот град кога се работи за собирање на сметот. Од она што може да се забележи е како купишта кабаст отпад, када и други градежни материјали се оставени веднаш до контејнерите додека истите тие се празни.

Од фотографијата може да се заклучи дека Комунална хигиена - Скопје поминале од ова место, го собрале ѓубрето од контејнерите додека другото го оставиле. И сега се поставува прашањето, кој е надлежен да го собере истото? Да точно тука и граѓаните имаат голем дел од вината но не може поради несовесноста на поединци да страдааат сите граѓани кои се движат на овој простор.