Скопско лето со пребогата програма продолжува ѝ денеска со нови интересни настани и случувања

Скопско лето зад себе со уште еден успешно реализиран летен ден. Промоцијата на книгата „Бајки тралалајки“, книга за урбани клинци и напредни мајки од Љубомир Грбевски- Џери, помина одлично со пријатно, опуштено и релаксирачко друштво во градската кафеана „Пелистер“. Во вечерните часови Унгарската џез група „Баги Балаж Нов квартет“, во соработка со Амбасада на Унгарија, во Сули ан (Факултет за ликовна уметност) реализира одличен дво-часовен концерт, во пријатен амбиент со професионална звучна и светлосна поддршка, современа џез музика пред урбана публика.

Скопско лето со пребогата програма продолжува ѝ денеска со нови интересни настани и случувања. За вечерва скопската публика ќе има прилика да присуствува на мултимедијален проект „Молк“ на Исмет Рамичевиќ во Музеј на Град Скопје со почеток во 20:30часот.

Разноликата програма на скопско лето, за денеска пезентира уште еден значаен проект, Концерт на вокалниот ансамбал „Симбиоза”, повремено инструментално придружуван, кој се јавува во функција на претставување сплетови од песни кои се значајно национално обележје на земјите од каде потекнуваат. Идејата се јавува во форма на мултиетнички , мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници, Дамјан Темков и Бехар Весели. Преку обединувањето на различни јазици и мелодии, преплетени и доведени до крајна форма на складно единство, тие делуваат како едукативен пример низ чија призма се отсликува тенденција за соживот, заедништво, толеранција и поттик кон прифаќање на мултиетничкиот концепт.

Урбаната уметност и култура во градот заедно со Скопско лето продолжува и во предстојните летни денови во нашата метропола.