Скопско лето: Концертот „Турски амам“ поради најава за дожд и невреме ќе се одржи во фоајето на Опера и Балет

Денеска (16.07.2019, вторник), ќе се одржи концерт „Турски амам“ (TÜRK HAMAMI) на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“ со диригент Ерхан Шукри и солист Тахир Ајдогду – канон, Анкара, Р. Турција, со почеток во 20:30 часот.

Од Дирекцијата на „Скопско лето“ информираат дека поради најава на дожд и невреме, концертот наместо во Куршумли ан, ќе се одржи во фоајето на Националната Опера и Балет.

Исто така вечерва според програмата на „Скопско лето“ планиарана е проекција на филмот „Планинско чудо“ (AMELIE RENNT) (2017), Германија/Италија, со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Дистрибутер:  Uzengija

авантуристичка драма / траење: 97 минути

режија: Тобијас Виман

улоги: Сузане Борман, Денис Мошито, Дејвид Бредин,…

награди: номинација за Кристалната мечка на Берлинале, најдобар младински филм на Германските филмски награди