Скопско лето: Исландската светска музичка група „Византиска силуета“ и проекција на „Море од жито“

Во рамки на ТОПСИ Кафе Кино на „Скопско лето“  филмот „Море од жито“ (MARE DI GRANO) (2018), Италија кој требаше да биде прикажан на 10.07.2019, среда, поради невреме се  одложи за денеска (17.07.2019) на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан со почеток во 21:00 часот.

Билети може да се купат на влезот на Сули ан пред почетокот на проекцијата по цена од 100 денари.

семејна драма / траење: 81  минути

Режија: Фабрицио Гвардучи

Улоги: Орнела Мути, Јохан Шопен, Алесандро Пачи,…

Награди: награда на критиката на Тера ди Сиена филмскиот фестивал

Исто така, денеска, ќе се одржи концерт на „Византиска Силуета“ (BYZANTINE SILHOUETTE) – Исланд, со почеток во 21:00 часот во Куршумли ан.

Хаукур Грондал – кларинет

Азгериј Азгеирисон – тамбура, бузуки, саз и уд

Торгримур Јонсон – бас гитара

Ерик Квик – перкусии

Исландската светска музичка група „Византиска силуета“ е препознатлива по нивната огнена интерпретација на балканска музика. Има издадено две це-деа,  од кои второто беше номинирано на Исландските музички награди.

Византиска силуета брои четири члена: Хаукур Грондал – кларинет, Азгериј Азгеирисон – тамбура, бузуки, саз и уд, Торгримур Јонсон – бас гитара и Ерик Квик – перкусии.

Бендот е основан на половина од 2010-та година и нивната програма содржи грчки, македонски, бугарски и турски песни. Музиката е излив на емоции во мешавина со источна мистерија. Асиметричи ритми, мелодии и виртуозност  испреплетени меѓусебно создаваат огнен коктел.

Креативен консултант и специјален соработнок на бендот е бугарскиот хармоникаш Борислав Згуровски од Пловдив.