Скопско Кучково ќе добие велосипедска и пешачка патека, но и други реакреативни содржини

Во Ѓорче Петров стартува проектот "Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација во с.Кучково“, информираше градоначалникот Александар Стојковски. 

Вкупната должина на велосипедската патеката е 4.500 метри и 2 м ширина. Должината на пешачката патека е 8.410 метри и 1,5 метар ширина.

-На овој начин се насочуваме кон планинскиот туризам и убавините што ги нуди руралниот дел во нашата општина. Создадаваме ново прибежиште за љубителите на природата на само 16 км. оддалеченост од центарот на Скопје. Ќе им понудиме на посетителите нов простор за спорт и рекреација, урбано оплеменување на постоечкиот и неоплеменет дел во Кучково, посочи Стојкоски. 

Со проектот предвидено е и расчистување на трасата, поставување видиковци и инфоративни табли, корпи за отпад, клупи и културни знаменитости.

-Кучково ќе биде на мапата на атрактивни туристички дестинации во Македонија, онака како што ветивме пред граѓаните, велат надлежните. 

 Вредност на проектот e околу 4.700.000 милиони денари од кои 10% кофинансира општината.

Останатите средства ги обезбедува Центарот за Скопски плански регион