Скопските средношколци се кренаа против аерозагадувањето (фото)

Денес во повеќе скопски училишта средношколците излегоа на протест против енормното загадување на воздухот, пренесува Лидер.

Средношколците од Јоси Броз Тито, Васил Антевски Дрен,Орце Николов и Ѓорги Димитров решија да го кренат својот глас против загаденоста во Скопје, и ги повикаа властите да превземат итни мерки.

Иако средношколците се соочија со притисок од страна на одредени професори, сепак протестите поминаа мирно без инциденти.