Скопските средношколци повторно на улица: Се евакуираат заради дојави за бомби

Учениците од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Орце Николов“ и „Михајло Пупин“ во моментов се евакуираат од училишната зграда поради дојава за бомба, пренесоа медимуте. 

Информацијата ја потврдија од МВР од каде информираат дека станува збор за дојави за бомби во шест училишта.

„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека ваква закана стигнала и на електронските адреси на уште две училишта. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Минатата недела три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.