Скопските општини се подготвуваат за чествување на Богојавление - еве каде ќе се фрла светиот крст

Скопските општини се подготвуваат за достојно одбележување на утрешниот голем празник Богојавление-Водици. 

Во Општина Бутел светиот крст ќе се фрла на неколку локации и тоа: 

-Љубанци на река Љубанска со почеток од 10:00 часот

-Црква Св. Наум Охридски во Радишани со почеток од 10:30

-Црква Св. Јован Крстител во населбата Бутел 1 со почеток од 11:00 

Општина Кисела Вода ја продолжува лани возобновената традиција за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици.
Настанот ќе се одржи утре во базенот “Расадник”.
Оваа година, манифестацијата започнува со литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 минути, од каде верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот Расадник. Осветувањето на водата и фрлањето на крстот ќе се случи во 11 часот.
За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од Општина Кисела Вода и од спонзори.
Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до среда, 18.01.2023, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.  

Светиот крст во Гази Баба ќе се положи во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ.

Настанот ќе се оддржи утре со почеток во 10:00 часот, под покровителство на општината, а најсреќниот верник кој прв ќе стигне до крстот ќе биде награден. 

Во оваа скопска општина ќе има и Пивтијада. Годинава на традиционалната манифестација “Пивтијада 2023” ќе настапат Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и Групата Аманет, а настанот за дегустација на овој традиционален рецепт ќе има и хуманитарен и натпреварувачки карактер. 

Во Општина Ѓорче Петров годинава осветувањето на водите на реките Лепенец и Вардар ќе се одржи традиционално на 19-ти јануари по следниот редослед: 

 Река Лепенец

 Од 8:30 до 9:30 литургија во црквата Св."Петка".

 10:15 литија од црквата Св."Петка" до реката Лепенец.

 11:00 положување крст во р. Лепенец кај последна 22, автобуска станица.

 Мост во Хром

 Од 8:30 до 10:30 литургија во црквата Св."Петар и Павле".

 11:15 литија од црквата Св. "Петар и Павле" до мостот во Хром.

 12:00 положување крст во р. Вардар.