Скопските општини нема да организираат новогодишни музички забави за граѓаните

Градоначалниците на скопските општини оваа година нема да организираат новогодишен дочек за своите жители. 

Општините се украсени во духот на празниците, но свечен музички дочек нема да има. 

Дел од нив парите ќе ги пренаменат во хуманитарни цели, а дел ќе поделат само новогодишни пакетчиња и новогодишни пакети за ранливи категории. 

Единстевен организиран дочек ќе има на Градскиот плоштад, каде ќе настапи Дино Мерлин.