Скопските ноќни клубови работат без лиценци, кој толерира кршење на законот?

Скопските ноќни клубови работат без лиценци и со тоа свесно го кршат законот. Ова информација кружи низ скопските кулуари, а добро упатени извори велат дека надлежните институции го знаат овој факт, но свесно го толерираат кршењето на законот. 

Се поставува прашањата кој и зошто го крши законот и во чиј интерес е ноќните клубови да работат незаконски и без лиценци?

Барањето за добивање лиценца се поднесува до Министерството за економија. Висината на надоместокот ја определува советот на општината, а за градот Скопје, Советот на градот Скопје. Надоместокот,  50% се уплатува на сметка на општината, а во градот Скопје на сметката на градот Скопје, а 50% се уплатува во Буџетот на Република Македонија во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. Лиценцата  се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на вршителот на угостителската дејност и важи за период од една година и не може да се пренесува на друг субјект.