Надлежните од Град Скопје известуваат дека коловозите се расчистени од снег. 

По дводневните непрекинати врнежи на снег, коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени од снег и денес сообраќајот во градот се одвива со нормален тек.