И скопските градоначалници се пофалија на социјалните мрежи кај кого се паднала паричката при одбележувањето на Бадник во семејството.
Споделија фотографии од семејните вечери и упатија убави пораки по повод Божиќните празнувања.
- Бог благослови оваа година најсреќен во нашето семејство да биде помалиот син Матео. Најважно е да се радуваме и да му благодариме на Господ што имаме со кого да го кршиме бадниковото лебче со паричка! Посакувам здравје, среќа, мир и благосостојба во секое семејство! - сподели Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба.
Првиот човек на Бутел Дарко Костовски сподели дека тој е среќникот на собирот во Љубанци.
- Нека е за многу години Бадниковата вечера! Вечерва во комитско Љубанци паричката се падна кај мене. - порача Костовски.
Среќник е и градоначалникот на скопска Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
- Драги пријатели, на здравје Бадникова вечера на сите, нека Бог ве дарува само со убавини. Ова е традиција која целото семејство го собира на едно место. Место кое зрачи со хармонија, љубов и спокој. Непроценлив момент. После четири години, паричката повторно е моја среќа. Ова ќе биде година на успеси! - сподели тој.