Скопскиот пајак во ноќна акција во Ново Лисиче (видео)

Интензивно е чистењето на градот од неправилно паркирани возила. Пајак службата вчеравечер беше во акција  во населбата Ново Лисиче. На граѓаните од пред зграда им беа дигнати колите.

Пред извесно време ваква слична ситуација имаше во населбата Мичурин.

-Пред некој ден станарите од околните згради мораа да дежураат надвор за да не им ги собере пајкот колите. Во овој дел од Аеродром, нема ниту една катна гаража, со години наназад жителите од околните згради се приморани да ги паркираат авомобилите на улица.Не ми јасно како се дигаат колите кога за нас нема паркинг, вели жителка на Мичурин.