Скопскиот доктор за чевли: „Нема не можам или не сакам, се може да се поправи“

Филип Костовски од скопската населба Ѓорче Петров се занимава со чевларство. Занаетот е за него најголемата љубов.

Овој 29-годишен скопјанец вели дека не разбира зошто младите луѓе ги потценуваат занаетите, наместо да ги изучуваат и потоа да бидат сами свои газди.Тој верува во ова и се труди на скопјани да им овозможи обувките секогаш да им бидат во совршена форма.

-Скоро 10 години го работам овој занает. Нема не можам или не сакам се може да се поправи. По средното училиште сменив 10 занаети за на крајот да се пронајдам токму во овој. Треба да се даде квалитет, моите  муштери се оние кои си ги ценат чевлите кои сметааат дека не треба да се фрлат туку поправат. Не е се дека треба да се помине ефтино, треба да се цени и трудот. Познат сум повеќе по специфичните поправки. Заработувам солидно, вели Филип.

Филиппоради големата љубов кон занаетот, пред две години реши да направи нешто што ниту еден чевлар го нема направено. 

За период од 4 месеци, трепеливо работеше на најголемиот женски чевел на светот. Висок 3,15 метри со потпетица од 2,5, џиновскиот розев чевел е најголемиот на светот. Изработката на истиот го чинеше Костовски 500 евра, но за сопствено задоволство не му е жал за потрошените пари.