Скопскиот цветен фестивал и годинава во Градскиот парк

Град Скопје ве поканува на петтиот Скопски цветен фестивал, под мотото „Во боите на виножитото“!

Дојдете и поминете два незаборавни фестивалски дена заедно со сите љубители на цвеќето, природата, зеленилото. Прашајте, информирајте се, побарајте стручен совет или едноставно уживајте.Придружете се на радоста, распеаноста и разиграноста на децата и учениците од повеќе градинки и основни училишта од Скопје. Изложувачи се многу познати цвеќарници и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, невладини организации чиј домен е екологијата и животната средина и центрите за детски развој, велат од Град Скопје.

Проследете го ЦВЕТНОТО ДЕФИЛЕ во сабота 12 мај во 11.00 часот кое поаѓа од фонтаната „Лотосов цвет“ низ Градскиот парк, а потоа уживајте во разновидните содржини кои ги нудиме.