Скопскиот Аквапарк ги отвора вратите на 10-ти јуни!

Четвртата сезона на скопскиот Аквапарк ќе започне на 10ти јуни. Отворањето ќе го одбележи и крајот на школската година и официјалниот почеток на летото за учениците. Според надлежните, постои опција тој да биде отворен и порано, доколку температурите бидат навистина високи, што сега засега не делува возможно. Паркот распространет 12 000 квадратни метри нуди забава за сите возрасни категории, и програма по сите светски стандарди за забавен парк. Базените сеуште не се подгтовени, но во тек се последни подготовки пред тие да бидат наполнети. За оваа сезона, цената на билетот ќе остане иста, односно 300 денари,       а новитет се очекува во рамки на безбедноста, каде оваа година ќе работат 35 спасители. 

Во соработка со Црвениот Крст, ангажирани се 35 лиценцирани и обучени спасувачи, кои ќе бидат присутни покрај базените за време на работните часови на паркот, односно од 10 часот наутро, до 20 часот.

Изминатите години, паркот го посетуваа околу 30 000 луѓе во текот на целата сезона, па така, и за оваа очекувањата се слични. СРЦ „Борис Трајковски“, кој стопанисува со објектот и во чиј состав е, најави нови ценовни пакети за оваа година кои се очекува да привлечат повеќе гости.