Скопскиот аеродром руши рекорди, но штета што од него си заминуваат младите

Скопскиот аеродром постигнува рекорди во превезување на патници. Ова беше соопштено по повод прославувањето на 10-годишнината од управувањето на Холдингот ТАВ Аеродроми со македонските аеродроми во Скопје и Охрид.

Вкупниот пораст на бројот на патниците кој во 2009 година бил 640.000 , се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

Ако порано од земјата можело да се лета на само 15 дестинации сега таа бројка достигнала 44 дестинации.

Убави бројки. Убав скопски аеродром.

Не е убаво само тоа што од него ни заминуваат и многу млади за да живеат во други држави.