Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион се заглавил во нанос од снег

Скопскиот аеродром од 22:45 часот беше затворен за сообраќај, откако воздухоплов на компанијата „Германија“ тип Ербас 321 со околу 200 патници, пред полетување за Цирих заглавил во нанос од снег.

Како што информираше претседателот на Управниот одбор и директор во МНА-В Николче Тасески за МИА, во моментов е завршена операцијата за одглавување на воздухопловот со помош на возила за push back од ТАВ.

-Во воздухопловот нема повредени патници и физички оштетувања на истиот. Компанијата го откажала летот и се очекува да биде реализиран во текот на денешниот ден, истакна Тасески.

new nike air max 2019