Скопски „Водовод“ денеска ќе работи до 15:30 часот, утре е неработен ден

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска 31.12.2025 година (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.

Утре, 01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.  

Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.