Скопски таксисти: Нудат бесплатна прошетка и дружење на млади девојки во среде ноќ

Скопските таксисти се еден посебен случај. Ако не знаеш нешто, тие се тука да ти кажат, дури и предвидуваат што ќе се случи во иднина.

Со некои таксисти возењето може да ви биде забавно, од некои можете да слушнете некоја паметна и нова работа, некои можат да ви бидат досадни, а дури има и такви кои се безобразни.

Токму случката на оваа млада девојка од Скопје, зборува за безобразлукот на еден таксист.

-Беше октомври, се спремав за испитната сесија. Имав тежок семестар, морав да фатам услов, па учев многу. Седев по цели ноќи пред книгите. Една вечер, бев кај колешката од факултетот, за заедно да решаваме задачи. Ме фати некаде околу 3 часот после полноќ. Излегов пред зградата, бидејќи таму секогаш има такси. Влегов, и како за беља, седнав напред на предното седиште. Таксистот изгледаше нормален, млад беше, најмногу да имаше 30 години. Почна веднаш со мене муабет, стандардно, колко е убаво времето надвор, колку е ведро и дека викендот ќе биде убав, а беше петок. Да се согласив. Не зборев јас многу, само кратко, од култура, враќав со да или не. Во автомобилот некаде околу една минута имаше тишина. Убаво ќе биде времето за викенд, ќе шета ли оваа млада и убава дама некаде, ми рече во еден момент. Малку се исплашив. Не, нема, реков. Можам јас да ја шетам, каде ќе посака, а зошто да чекаме викенд, можам да те шетам некаде уште вечерва. Да пиеме некаде кафе, може и кај мене дома, сам сум... Срцето ми застана. Не знаев како реагирам. Се исплашив. Ако почнам да паничам, можеби ќе ми направи нешто. Пробав да бидам културна и да глумам смирена. Не можам, ми се спие, доцна е, му реков. Тој продолжи да ме убедува. Стравот се повеќе растеше. Едвај чекав за да дојдеме до мојата зграда. Како се доближувавме до дома, така тој го успоруваше автомобилот. Ајде размисли убаво, ти нудам одлична забава, ќе се дружиме... Во тој момент го извадив телефонот од ташната и почнав да ѕвонам на другар ми, тој живее во иста зграда, врата до врата сме. Стигнавме. Колку треба, го прашав. Може да биде и бесплатно, ако сакаш, ми рече... Не, не сакам. Додека вадев пари од паричникот да му ги фрлам во таксито, ја почувствував неговата рака на мојата коса, во ист момент појде за да ме баци. Изрипив веднаш. Му грлив 100 денари и трчајки кон третиот спрат, за да не ме следи, раскажува оваа млада скопјанка.

Оваа девојка, вели дека неколку пати до сега има слушнато за некоја ваква случка од скопските таксисти, но не верувала дека може да и се случи токму на неа. Вели, била толку многу исплашена, што дури и не забележала за кое такси станува збор.