Скопски средношколски „Фајнл фор" натпревари за учебната 2018/2019 година

На финалните натпревари на градскиот ФАЈНЛ ФОР, коишто  денеска  (15 април)  се играа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во одбојка - женска конкуренција, присуствуваше градоначалникот Шилегов.

Средношколските екипи учествуваа во 8 лиги, односно во четирите колективни спортови: ракомет, одбојка, кошарка и футсал  во  машка и во женска конкуренција.

- Град Скопје секогаш ќе ги поддржува учениците, нивните потреби и желби. Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти - средношколци, Градот воведе стипендирање на средношколци, ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје и годинава додели 105 стипендии (лани 100) во висина од 3.000 денари месечно, за 8 месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје. Најдобрите екипи од средношколските лиги годинава ќе одат во Подгорица во средината на месец мај - изјави Шилегов.

За поттикнување и наградување на спортот во средните училишта,  Градот обезбеди средства што се наменети за посета на најдобрите градски репрезентации на средните училишта во колективните спортови во еден од збратимените градови на Град Скопје.

Досега средношколците имаа  успешни гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија, Белград и Нирнберг, а Градот Скопје годинава обезбеди буџетски средства за патување во збратимениот град  Подгорица, Црна Гора, за најдобрите средношколски екипи во футсал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.

Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје. За организација и реализација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари.

На финалните натпревари најдобри беа следните екипи:

Во футсал – мажи:  

Прво   место: СУГС „Цветан Димов“

Второ место: ДУФК „Методи Митевски - Брицо“

Трето место: СУГС „8 Септември“

 

Во футсал – жени:

Прво   место: ДУФК „Методи Митевски - Брицо“

Второ место: СУГС „Јосип Броз - Тито“

Трето место: СУГС „Зеф Љуш Марку“

 

Во ракомет – мажи:

Прво   место: СУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Второ место: ДУФК „Методи Митевски - Брицо“

Трето место: СУГС „Никола Карев“

 

Во ракомет – жени:

Прво   место: СУГС „Никола Карев“

Второ место: ДУФК „Методи Митевски - Брицо“

Трето место: СУГС „Васил Антевски - Дрен“

 

Во кошарка – мажи:  

Прво   место: СУГС „Орце Николов“

Второ место: СУГС „Никола Карев“

Трето место: ДУФК „Методи Митевски - Брицо“

 

Во кошарка  – жени:

Прво   место: СУГС „Орце Николов“

Второ место: СУГС „Никола Карев“

Трето место: СУГС „Јосип Броз - Тито“

 

Во одбојка – мажи:

Прво   место: ДУФК „Методи Митевски - Брицо“

Второ место: СУГС „Зеф Љуш Марку“

Трето место: СУГС „Орце Николов“

 

Во одбојка – жени:

Прво   место: СУГС„Раде Јовчевски – Корчагин“

Второ место: СУГС „Јосип Броз - Тито“

Трето место: СУГС „Орце Николов“.