Скопски шофери со посебни потреби

До кога нема да се почитуваат резервираните паркинг места за лица кои се со посебни потреби? 
Многу често на ваквите места се паркираат автомобили кои немаат налепница која говори дека токму тоа возило има дозвола и пред се потреба да се паркира на вака означено место. 
Ова пред се се забележува околу трговските центри, подземните и катните гаражи каде што сообраќаната полиција е помалку активна па сообраќаната некултура и нецивилизација си дозволуваат да излезат на виделина.

Денес се смета дека од 7 до 10 отсто од целокупната популација во светот се лица со некој вид хендикеп. Овој број во неразвиените земји и земјите во развој е далеку поголем. Секоја модерна држава се труди да ѝ помогне на оваа популација со воведување одредени бенефиции со цел овие лица да можат што подостојно да ги надминуваат препреките низ животот, а еве гледаме како е тоа кај нас. 

Едни од најчестите казни на учесниците во сообраќајот се поради погрешно паркирање. Некогаш реагира пајак службата, а некогаш само со добива казна. Овие казни можете да ги замените и со негативни поени, но доколку соберете 100 негативни поени тогаш можете да ја загубите возачката дозвола и повторно ќе морате се да полагате од почеток.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават возила кои заради оштетеност, односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично), како и други предмети со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната средина.

* Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно на овие одредби.