Скопски саем бара траен саемски простор

Групацијата Скопски саем демантира написи во некои медиуми дека е банкротиран и оценува дека целта на таквите информации  е да се оправда најавеното уривање на саемскиот простор и деловните објекти.

Во демантот наведува дека како бренд на Град Скопје постоел 67 години и ќе постои во иднина и дека ја става на располагање својата домашна и меѓународна деловна мрежа на сите институции, деловни субјекти и проекти со цел развој на економијата во земјава.

- Групација Скопски саем побара одржување на манифестациите во постоечките хали, но вештачките услови коишто беа поставени од новиот сопственик не дозволија нивно одржување. Групацијата Скопски саем е во активна комуникација со Владата на Република Македонија и Општина Гази Баба за изнаоѓање трајно решение Град Скопје и Република Македонија да не останат без саемски простор, соопшти Скопски саем