Скопски оризови полиња

Ова место во Скопје  во постарата литература познато како Сарајско Оризаре — историско село и современа скопска населба на територијата на Општина Ѓорче Петров.

Името го добила по бројните оризови полиња во селото.

Населбата се наоѓа помеѓу населбите Ѓорче Петров и Дексион, на патот Скопје-Тетово кој поминува низ неа. Во минатото патот го делел тогашното село на два дела. Северното маало било јадрото на селото и било постара населба.

Додека јужното маало, под патот, било основано во 1919 година од српски доселеници. Како и секое село, така и Оризари имало свој атар чија обработлива површина кај селаните била позната под имињата: Чашурка, Сливче, Влашко Поле, Бањиште, Ранак, Сув Дуб, Паламида, Орманче, Црвлица, Башалг, Динг, Оризарски Јаз, Чатал, Ветерник, Бунариште, Веле Поле, Рамниште, Крст, Зимниче, Чушк и Страња. Во 1949 година селото броело 49 домаќинства. Оризари било стара населба. Заради својата поволна местоположба и плодното поле, селото уште во турско време брзо постанало чифлишка населба.

Еден од беговите имал и кула во селото која била срушена во 1944 година. Додека селото било чифлишко во него живееле Македонци и Роми кои работеле како момоци. Кога селото се ослободило од чифлигарството тогаш се населиле и други домаќинства од различни националности кои добиле и земја со самата прераспределба на земјиштето. Во 1944 година селото било бомбардирано и скоро целосно разрушено.

Потоа повторно било обновено. Селото постепено со ширењето на Скопје почнало да се поврзува од двете страна со соседните населби и некаде во 60-тите годни на XX век целосно прераснува во урбана населба. Денес има централно место во урбаниот дел на Општината Ѓорче Петров.