Скопски новитети: Не секој пешачки премин има ограда

Сообраќајните нелогичности низ Скопје не се ретки. Една која деновиве беше направена а многумина ја овековечија на фотографија е онаа кај Романката амбасада каде новоисцртаниот пешачки премин завршува во заштитна ограда.

Прашање е како пешаците кои ќе ја поминат улицата во овој дел на пешачкиот премин ќе се снајдат кога ќе дојдат до оградата. 
Навистина е нехумано доколку станува збор за лица во инвалидска количка, лица кои туркаат количка за бебе или пак ако сте со велосипед или тротинет.