Скопски населби со луксузни станови (ГАЛЕРИЈА)

Во Скопје актуелна е изградбата на модерни станмбени комплекси кои наликуваат на град во град.Овие многукатници ја менуваат силуетата на градот Скопје.

Погледенте какви се становите во ове три луксузни станбени згради:

Привршува изградбата на четирите кули на турската компанија „Џевахир холдинг“ во Аеродром.

Во моментов се привршува градбата на карабината на четвртата висококатница, а се почнуваат подготовките за почеток на градба на трговскиот центар сместен на 60.000 метри квадратни.

Трговскиот центар ќе биде завршен во првата половина на 2017 година каде ќе бидат сместени 70 продавници со светски брендови, супермаркети, а во него ќе има и канцелариски простор. Целиот комплекс има паркинг простор за станарите, како и дополнителен паркинг простор наменет за трговско – бизнис центарот.

Во резиденцијалниот комплекс „Џеваир Скај Сити“ во Аеродром има вкупно 688 луксузно опремени стана од 50, 60, 70 и 110 метри квадратни.

Скопје сити тауер е современ европски тип на резиденцијални објект, каде што станбените единици почнуваат веднаш над катовите наменети за деловни простории.

Оваа многукатница е објект што ја менува силуетата на градот Скопје. Во Скопје сити тауер се нудат неколку типови на станови: стан-студио, станови со една спална соба, со две спални соби и станови со три спални соби. На последното ниво пак се сместени луксузните „penthouse“ апартмани, што се карактеризираат со поголеми квадратури и поголема катна висина.

Објектот нуди вкупно 140 станови, со 12 станбени единици на еден кат, а квадратурата на становите се движи од 47 до 148 метри квадратни.

Нов комплекс „Верина“ од станбени згради, со езерца, водопад, базен, парк, пикник простор, детско игралиште, билијард-клуб и фитнес-центар опремен со сауна и турска бања.се наоѓа во непосредна близина на скопската обиколница на атрактивна локација во Орман.

Комплексот е изграден на 30.000 квадратни метри, составен е од седум станбени објекти, во завршна фаза од градбата со вкупно 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни.