Скопски луна-парк, некогаш омилено место за викенд прошетка и забава

Луна-паркот во Скопје беше омилено место за прошетка и забава за скопјани, но и за посетителите од другите градови, но тоа е веќе минато.

Во изминативе години постојано слушавме планови за обнова на луна-паркот, но сепак граѓаните на главниот град на Македонија сè уште се без место каде што може да се опуштат со своите најмили.

На почетокот на годинава беше усвоена одлука од Советот на Град Скопје за отпочнување на изградба на забавниот парк, кој требаше да биде целосно завршен до 2024 година, но дали ќе бидат реализирани ветувањата останува да видиме.