Скопски Хиподром: Mајка си го фрли своето дете од тераса а потоа и сама скокна

Страотна драма се случуваше утрово во скопската населба Хиподром. Мајка си го фрли шест годишниот син од тераса а потоа и таа скокна. Утрово во 9 часот и 5 минути на улицата Пехчевска во скопски Хиподром во кулата карши градинката, 37 годишна жена со детето во раце се заканувала дека ќе скокне од тераса од висококатницата во која живеела. 

Во еден момент според кажувањето на еден од соседите, жената го фрлила детето, а жиците за алишта на подолните катови и соседите кои биле сведоци на ужасот  притрчале и го ублажиле падот на детето. Тоа со итна медицинска помош било префрлено во болница. Алфа се обидува да добие информација за 6 г одишното дете. 

Полицијата и пожарникарите се обидувале да ја отргнат од намерата жената и таа да скокне, велат соседите, а жената цело време извикувала - “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.

Нешто повеќе од половина час, според кажувањата на соседите, скокнала и жената која исто така била пренесена во болница. Официјална информација, за овој страшен ужас, од МВР се уште нема. Единствена потврда е дека мајка околу 9.30 часот утрово си го фрлила сопственото дете од тераса.