Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври

Четириесет и првото издание на Скопскиот џез фестивал, годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, а ќе понуди 10 концертни настапи и еден документарен филм.

Фестивалот годинава е сочинет од извонредно силна програма, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

На отворањето на 13 октомври во НОБ, (20:00) ќе настапат Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra, а истата вечер во МКЦ, од 23:00 сцената е резервирана за Zulu 3.4.

На 14 октомври во НОБ, 20:00 часот се Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane, додека во МКЦ, во терминот од 23:00 часот е настапот на Abacaxi  и на Taxi Consilium Третата вечер е настапот на Amaro Freitas Trio и Goran Kajfeš Subtropic Arkestra.

Во МКЦ, пак, од 24:00  е бастапот на New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

Последната вечер на 16 октомври на програмата е Thumbscrew и Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr Во програмата плус на 12 октомври во МКЦ Кино Фросина, ќе биде прикажан документарниот филм Summer Of Soul.

Билетите за фестивалот се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс.