Скопската Зоолошка градина на пролет ќе добие пингвини

Следната година во Зоолошка градина Скопје за првпат пристигнуваат пингвини. Најавената атракција би требало да биде реализирана на пролет, соопштија од Зоолошката градина Скопје.

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено на време:

„Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што  е ветено, да не го видат. Сепак, нашата цел е да направиме европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет“, вели Галетановски.