Скопската ЗОО за прв пат ќе добие бебиња пингвини, упатија и апел до посетителите

Убава вест ни доаѓа од заливот на пингвините од скопската Зоолошка градина. 

-Дел од овие прекрасни птици изведоа јајца и сега се постојано во своите гнезда каде лежат врз потенцијалните бебиња. За да ја зголемиме шансата да имаме за првпат малечки од овој вид, не сакаме да ги вознемируваме и да го чистиме базенот во наредните две недели. Водата е зелена поради сонцето и создавање на алги, но е исправна технички и микробиолошки, а пречистителната станица постојано функционира, информираа од ЗОО-Скопје. 

Оттаму рекоа дека овој вид на птици е загрозен и е на црвената листа на видови во исчезнување, а со доаѓањето на свет на малечките ќе придонесеме во продолжување на видот. Наедно упатија апел до посетителите да не тропаат по стаклата и да не фрлаат храна во базенот и живеалиштето.