Скопската општина Карпош со најголем број заразени од коронавирусот

 

Министерството за здравство објави детален приказ за заболените од Ковид-19 вирусот, каде може да се види бројот на заразени по општини, вклучително и скопските општини.

Според  статистиките  на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), скопската општина Карпош е општината со најголем број заразени во Скопје со вкупно 27 лица. 

Следни на листата според мапата се Гази Баба, Кисела Вода и Центар со по 20 заразени граѓани.  Понатаму следат Ѓорче Петров со 11, Аеродром со 8, Сопиште со 7. Во Бутел има 4, Чаир – 3, Илинден 2.