Скопската хероина Сема, спаси живот на петтогодишно девојче од студените води на Вардар (видео)

Сема Џеладини, вработена во кол-центарот на Клиничката болница Аџибадем – Систина, во петокот навечер околу 20,00 часот, жртвувајќи го својот живот во надојдените студени води на реката Вардар, помогна да се спаси животот на едно петтогодишно девојче, јавува порталот Алмакос.

Таа е многу среќна. Целиот настан го сподели со порталот Алмакос. Со големи емоции раскажуваше за тоа како успела да помогне да се спаси животот на едно девојче, кое таа квечерина возејќи велосипед заедно со нејзината мајка изгубила контрола и паднала во реката Вардар.

“ Во петокот вечерта бев излезена на пауза околу 20,00 часот. Седнав на клупите, кои гледаат кон кејот на реката Вардар. По поминати 10 – 15 минути, за изненадива кога слушнав извици. Се свртев кон кејот. Видов девојче, на возраст од околу пет години, како немаше контрола врз велосипедот, не можеше да закочи. И падна во реката Вардар.”

За да го спаси девојчето, прва во Вардар се фрлила нејзината мајка. Сема увидела дека мајката, поради надојдените води, брзиот тек и длабочината не може да го извади девојчето надвор од реката. Таа притрчала од клупата и се спуштила на работ од кејот.
Девојчето беше многу испаничено, многу уплашено, раскажува Сема, сеќавајќи се на несекојдневниот настан.

“ Се спуштив од работ. Девојчето беше многу испаничено, многу уплашена. Ми ја подаде раката за да ја спасам. Се бореше. Ја фатив за рака. Бидејќи работ беше многу лизгав, за да не ја испуштам од рака и јас заедно со неа влегов во вода.”

Сема сеуште се сеќава на извиците на девојчето, вели дека зборовите на малата ќе ги запамети цел живот.

“ Дадо, дадо, те молам спаси ме, и ми ја подаде раката. Дадо, те молам не ме оставај. Не ме оставај да умрам. Те молам помогни ми.”

Откако Сема заедно со девојчето, со големи маки стигнале до работ на кејот, на помош дошле и тројца мажи. Тие помогнале Сема и мајката на девојчето да излезат од Вардар. Девојчето ја прегрнала Сема и така прегрнати стигнале до Ургентниот центар на болницата.

Таму девојчето било прегледано. Немала никакви проблеми. По контролите, било пуштено дома.

Во овој момент дали би го направиле истото, Алмакос ја прашува Сема. Таа е категорична.

“Истото би го направила.”

Таа во тој момент чуствувала само едно, дека мора да го спаси девојчето. Не ни помислила на својот живот.

“Битно беше млад живот да се спаси“.

И нејзините родители биле горди со храброста на нивната ќерка.

“Моите така и ме пораснаа мене. Сепак, за живот се работи. Нашата клиничка болница истото лого го има. Сепак, за животот се работи.”

И нејзините претпоставени во болницата беа горди дека имаат вработена која без да се двоуми може да се жртвува за да спаси друг живот.

Сема и денес е на своето работно место, продолжува да им помага на пациентите што се јавуваат во кол центарот на болницата.

“Добар ден моето име е Сема како може да ви помогнам”.

Видеото на Алмакос на овој линк.